Најмалку 64. 000 молњи се забележани во Британија за време на силната бура пропратена со грмотевици, а на лондонскиот аеродром „Станстед” дошло до преместување поради оштетување на системот за полнење на гориво во леталата, во кој удрил гром.
Небото над Велика Британија синоќа го осветлуваа молња, а во некои делови дојде и до поплави. Дел од домаќинствата останаа без електрична енергија.
Системот за ставање гориво на аеродромот „Станстед“ е поправен, но патниците се предупредуваат дека летовите се уште може да се одложат или откажат.
– Инженери пристигнаа на местото и повторно го оспособија системот, но летови и натаму можат да бидат пренасочени – соопштија од „Станстед”.
Нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер” не може да каже колку летови се погодени, но, најави дека за некои ќе бидат вратени парите за билети