Жените се подготвени да се жртвуваат за убавината и многумина одат кај пластичен хирург. Сѐ повеќе жени се подложуваат на естетска операција за зголемување на градите.
Она што е многу важно е дека овие жени треба да бидат запознаени и предупредени за опасноста од болести кои можат да биде предизвикана од силикони. Британската асоцијација на пластични хирурзи опишува низа симптоми кои тие директно ги поврзуваат со силиконски импланти.
Симптомите вклучуваат замор, тешкотии при размислување, болки во зглобовите, симптоми поврзани со имунолошкиот систем и нарушување на спиењето. Сепак, оваа болест сè уште не е препознаена како медицинска дијагноза и не постојат критериуми за дијагноза како ни протокол за нејзино откривање. Научниците апелираат да се спроведат повеќе истражувања за оваа болест, но исто така и дамите кои ќе одлучат да се подложат на оваа операција да се запознаат со опасностите што ги носи.
Постојат жени кои доживеале компликации, на кои не биле предупредени. Една од нив е фитнес-инструкторката Наоми Мекартур, која ги вградила имплантите 2014 година.
– Почувствував бодежи во стомакот и замор како да сум трчала маратон или копала ров, иако тогаш не вежбав. Дури и пишувањето ми беше напорно. Како што времето минуваше, почна и косата да ми опаѓа, а добив и алергија и исфрлања. Беше ужасно – раскажала Мекартур.
Само неколку дена по отстранувањето на силиконот, сите тие проблеми кај девојката исчезнале.
Слично истражување околу овој синдром, започна и Управата за храна и лекови во САД.