Силен тајфун се приближува до бреговите на Тајван и Јапонија

95

Жителите на Тајван и на Јапонија се подготвуваат за тајфунот Лекима, кој може да прерасне во супертајфун кога ќе го погоди крајбрежјето на островите.

Моментно Лекима се движи во северозападниот дел на Тихиот Океан со брзина на ветрот од 205 километри на час. Се очекува стихијата да достигне до супертајфун со брзина на ветрот од 240 километри.

Јапонските јужни острови Рукју, кои се протегаат северно од Тајван до јапонскиот остров Кјушу, се очекува да бидат најпогодени од невремето. На архипелагот, кадешто се наоѓа и Окинава, живеат околу 1,4 милиони луѓе.

Стихијата се очекува да го зафати Тајван утре, а потоа да се насочи кон Кина и да удри јужно од Шангај в сабота.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...