Силен земјотрес ја погоди Русија

359

Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтерова скала го погоди денеска рускиот далечен исток, во регионот Чукотка, Русија.

Засега нема податоци за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Епицентарот на потресот се наоѓал 406 километри југозападно од Анадир, административниот центар на Чукотка, на длабочина од 10 километри под површината на земјата, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...