Силен земјотрес ја погоди Алјаска, издадено предупредување за цунами

117

Земјотрес со магнитуда од седум степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Анкориџ, најголемиот град во американската сојузна држава Алјаска.

Американската сеизмолошка служба соопшти дека епицентарот на земјотресот што ја погоди Алјаска во раните утрински часови по локално време бил на околу 12 километри северно од Анкориџ.

Засега нема информации за жртви, иако новинар на АП соопшти дека забележал пукнатини на објектот во кој работи во Анкориџ.

АП јавува дека луѓето панично бегале и по земјотресот останале на улиците.

Набрзо било издадено предупредување и за цунами за јужното крајбрежје на Алјаска.

Други детали засега нема.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...