Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран североисточно од австралискиот остров Норфолк, соопшти Американскиот геофизички институт.
Не е објавено предупредување од појава на цунами, а нема ниту информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Епицентарот на земјотресот бил 681 километри североисточно од Норфолк, на длабочина од десет километри.