Силен земјотрес во Калифорнија

164

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран крај брегот на Калифорнија, јави Американската служба за геолошки истражувања.

Засега нема информации за евентуални жртви или предизвикана материјална штета.

Според американската геолошка служба, епицентарот на потресот бил на 86 километри западно од областа Петролија, а жариштето на ударот бил на длабочина од 2,2 километри.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...