Земјотрес со интензитет од 5,2 степени по Рихтеровата скала го погоди денеска јужниот, планински дел на Иран, при што се повредени најмалку 31 лице. По земјотресот во прекин се електричните комуникациските линии.
Земјотресот е регистриран во градот Сисакт, околу 700 километри кужно од Техеран. Во градот живеат околу 10.000 луѓе.
Здравствените власти соопштија дека 18 лица се хоспитализирани, а 13, по укажаната медицинска помош, се пуштени на домашно лекување.
ФОТО: Твитер