Силен земјотрес во близина на Нов Зеланд

75

Земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во водите на Тихиот Океан, во близина на ненаселениот новозеландски остров Кермадек.

Новозеландските власти соопштија дека земјотресот се случил на длабочина од 10 километри под дното на Пацификот, со епицентар на 873 километри североисточно од градот Нгунгури.

Власите информираа дека нема опасност од цунами од големи размери, туку дека е се можни само мали промени на нивото на океанот во крајбрежните реони.

Нема информации за евентуални жртви или предизвикани материјални штети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...