Силен ветер во Чешка

Поради силниот ветар 20.000 домаќинства утринава останаа без струја. Повеќето од нив се во централна Бохемија.

166
Photo: EPA / MARTIN DIVISEK

Во Чешка ноќеска и утринава дува силен ветар, кој на некои места достигнува брзина од 110 километри на час. Ветрот доаѓа од Данска преку Балтикот. Ветровитото време ќе потрае поголем дел од денот, а на планинските гребени брзината на ветрот ќе достигне 125 километри на час.

Ова е најсилен ветар во Чешка во последните неколку месеци, што може да доведе до тоа ослабените стебла на некои места да паднат. Поради паѓањето на гранките, можат да се очекуваат и компликации во транспорот и енергетиката.

Поради силниот ветар 20.000 домаќинства утринава останаа без струја. Повеќето од нив се во централна Бохемија.

Проблеми се пријавени и во чешките железници. Додека се отклонат паднатите стебла, прекинат е сообраќајот на некои линии во централно-бохемскиот  и источно-бохемскиот регион.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...