Охрабрувачки е континуираниот пад на бројот на нови случаи за заболени од коронавирус во Кина, соопшти денеска Светската здравствена организација, но прерано е да се знае дали овој тренд ќе продолжи.
– Oхрабрува овој тренд, но не е време за самозадоволство – изјави генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на брифинг во Женева, пренесоа британските медиуми.
Тој, исто така, забележа дека бројот на случаи на коорнавирус во остатокот од светот е многу низок во споредба со Кина, но, додаде, дека тоа можеби и нема долго да остане така.