СЗО: Околу седум милиони луѓе умираат секоја година поради загаден воздух

Само загадениот воздух предизвикал 4,2 милиони смртни случаи во 2016 година.

97
20151224 Thursday magla skopje zagadeno zagadenost zagaden vozduh pm chestici chestichki smog

Околу седум милиони луѓе умираат секоја година поради изложеност на загаден воздух, објави Светската здравствена организација.

Само загадениот воздух предизвикал 4,2 милиони смртни случаи во 2016 година, додека загадувањето на воздухот од несоодветни горива и технологии предизвикало 3,8 милиони смртни случаи во истиот период, наведува СЗО.

Тие бројки се на исто ниво со бројот на смртни случаи регистрирани во претходна студија објавена пред две години.

Нивото на загадување на воздухот останува опасно високо во многу делови од светот, според студијата на СЗО. Нови податоци покажаа дека девет од 10 луѓе дишат високо загаден воздух.

Повеќе од 90 проценти од смртните случаи поврзани со загадувањето на воздухот се јавуваат во земјите со низок и среден приход, главно во Азија и Африка, по што следат земјите со ниски и средни приходи од регионот Источна Медитеран, Европа и Америка, според извештајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...