СЗО: Коронавирусот се шири многу полесно од очекуваното, веќе и на трета генерација и не само со бакнување и гушкање

Пренесувањето на трета генерација значи дека некој што бил инфициран додека работел со животните на пазарот во Вухан, вирусот го пренел на друго лице, кое пак заразил трет човек.Првенствено се мислеше дела коронавирусот се шири само преку многу близок контакт, како прегратка, бакнување или користење на заеднички прибор за јадење.

742

Коронавирусот што првпат беше регистриран во кинескиот град Вухан, од кој починаа веќе 25 луѓе, многу полесно се пренесува од човек на човек отколку што претходно се предвидуваше, изјави Дејвид Хејман од Светска здравствена организација (СЗО).

Досега од коронавирусот заразени се повеќе од 700 луѓе.

– Сега веќе гледаме ширење на втората и третата генерација, посочи Хејман.

Пренесувањето на трета генерација значи дека некој што бил инфициран додека работел со животните на пазарот во Вухан, вирусот го пренел на друго лице, кое пак заразил трет човек.

Првенствено се мислеше дела коронавирусот се шири само преку многу близок контакт, како прегратка, бакнување или користење на заеднички прибор за јадење.

– Се собираат докази дека вирусот може да се шири и на далечина, на пример ако заразено лице кивне или кашла пред друг човек. Засега немаме докази дека вирусот се шири преку воздух како грипот, посочи Хејман.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...