Околу 3,4 проценти од луѓето кај кои е потврден Ковид-19 починаа, што е далеку повеќе од стапката на смртност од сезонски грип, што е под еден процент, но ширењето на новиот коронавирус може да се запре, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
– Да сумираме, Ковид-19 се шири помалку ефикасно од грипот, не се пренесува од луѓе кои не се болни, предизвикува заболување потешко од грип и сè уште за него нема вакцини или лекови, но може да се запре неговото ширење – изјави генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на конференција во Женева.
По средбата со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, Гебрејесус рече дека е прерано за одлука за одложување на Летните олимписки игри, кои во јули треба да се одржат во Токио.
– Мислам дека сега е прерано да се носи одлука за тоа, треба да се следи ситуацијата – рече генералниот директор на СЗО.