СЗО: Вакцина против Ковид-19 за три до четири месеци, вирусот не излегол од лабораторија

450

Клиничките испитувања за вакцината против новиот коронавирус се очекуваат за три до четири месеци – рече портпаролот на Светската здравствена организација, Тарик Јашаревиќ.

„Тимови на експерти од целиот свет се ангажираат дење и ноќе во оваа и другите заеднички мисии и веруваме дека тоа ќе даде резултати“, изјави Јашаревиќ за „Вечерње новости“.

„Новиот вирус е глобален проблем, а вакцината против него е глобален напор да имаме поддршка и од Светска банка и од Коалицијата за иновации во спречувањето на ширење заразни болести. Целта на сите е да се најде вакцина што е можно поскоро”, додаде портпаролот на СЗО.

Според него, потврдено е врз основа на генетската структура на вирусот дека не доаѓа од лабораторија, а се зголемуваат докази за поврзаност на Ковид-19 со слични коронавируси кои се јавуваат кај лилјаци.

„Самиот почеток и пренесувањето на вирусот на луѓе досега е нејасен. Најверојатната претпоставка е дека животно е преносник од лилјаци на луѓе”, рече Јашаревиќ.

Тој додаде дека СЗО е охрабрена од постојаниот пад на бројот на пациенти во Кина, но исто така загрижен од бројот на пациенти во другите делови на светот.

„ Посебно загрижуваат случаите без јасна епидемиолошка поврзаност“, нагласи тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...