Се чека дожд за да започне сеидбата во Пелагонија

Од државната Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството-АПРЗ со седиште во Битола информираат дека климатските промени придонеле за пролонгирање на почетокот на есенската сеидба со житни култури.

57

Стартот на есенската сеидба во Пелагонија е одложен за 15 дена, а причините се врзани со долгиот сушен период, кој ја зафати Пелагонија.

Од државната Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството-АПРЗ со седиште во Битола информираат дека климатските промени придонеле за пролонгирање на почетокот на есенската сеидба со житни култури.

-Во пелагонискиот регион, како најголема житница во Република Македонија, традиционално, есенската сеидба на житните култури се одвива во текот на месец октомври. Меѓутоа, временските услови, немање на врнежи од дожд и натпросечно високи температури за овој период од годината, ја оневозможија обработката на почвата и есенската сеидба во оптималните рокови. Врнежите од дожд кои беа забележани на почетокот на минатата недела, од околу 10 литри на квадратен метар, беа недоволни за да овозможат соодветна обработка на почвата. Заради сушата земјата тешко се обработува и ги зголемува производните трошоци- истакна Зоран Бардакоски, раководител на одделение во АПРЗ-Битола.

Според експертите во АПРЗ, сушата може да ја зголеми и сеидбената норма за 10 отсто, со цел да се надоместат евентуалните загуби.

-Имајќи ги предвид прогнозите на УХМР, односно отсуството на врнежи и во наредниот период, станува извесно пролонгирањето на есенската сеидба за повеќе од 15 дена- посочи Бардакоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...