Се формира руско-турски инвестициски фонд вреден 900 милиони евра

Станува збор за фонд кој ќе биде исклучително важен за ревитализацијата на руско-турските инвестиции.

108
EPA-EFE/ARSHAD ARBAB

Русија и Турција ќе формираат заеднички инвестициски фонд вреден 900 милиони евра, изјави шефот на рускиот Фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.

– Денеска ќе објавиме дека конечно го формиравме руско-турскиот инвестициски фонд. Долго време работевме на тоа, имаше многу дискусии, а сега само конечно го оформивме – рече Дмитриев.

Според него, станува збор за фонд кој ќе биде исклучително важен за ревитализацијата на руско-турските инвестиции.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган од денеска престојува во официјална посета на Русија.

Како што најави помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, Ердоган и претседателот на Русија, Владимир Путин ќе разговараат за состојбата во Сирија во контекст на американските планови делумно да ги повлечат своите трупи од земјата, како и за испораката на рускиот ракетен одбранбен систем С-400 на Турција, темпото за изградба на рускиот гасовод и нуклеарната централа Акуј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...