Најмалку три лица се хоспитализирани денеска, поради рушење на дел од хотел во изградба, во Њу Орлеанс.
Според пишувањата на локалните медиуми, повредени се повеќемина.
Агенцијата „АП“ пренесе дека голем дел од хотелот „Хард Рок“ кој бил во изградба, ненадејно се срушил.
Како што се наведува, повисоките катови почнале да се рушат врз пониските од едната страна на зградата.
Засега не е познато што го предизвикало рушењето на хотелот кој требало да биде отворен напролет в година.
ФОТО Принтскрин