Се урна руски воен авион Су-30 над Средоземното Море, загинаа двајца пилоти

Авионот се урнал денеска по полетување од аеродром во базата Хмејмим во Сирија.

240

Руски воен авион Су-30 се урна над Средоземното Море при што загинале двајца пилоти, јави ТАСС.

Авионот се урнал денеска по полетување од аеродром во базата Хмејмим во Сирија.

Според руското МО, и двајцата пилоти „до последната минута се обидувале да го спасат авионот“, но не успеале во тоа и загинале.

МО на Русија соопшти дека не било пукано кон авионот.

ФОТО: јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...