Дрвен мост во паркот Горки во Москва се преполови и се урна за време на новогодишната ноќ, при што се повредени најмалку 13 лица.
Според руските медиуми, ниту еден од повредените не се наоѓа во животна опасност.
„Мостот се урна врз делот за лизгање во паркот Горки додека на него имаше се уште луѓе“, соопшти дежурната медицинска служба, додавајќи дека дрвениот мост е висок пет метри.