Се урна доградба во Индија, шестмина загинати

39

Најмалку шест лица загинаа денеска во Индија, откако се урна зграда, додека работници работеле на изградба на дополнителен кат, соопшти индиската полиција.

Според полицискиот претставник Сатбир Синг, работниците го граделе четвртиот кат, кога се урнала зградата, што се наоѓа во една населба на периферијата на градот Гургаон во сојузната држава Харјана.

Нема информации дали властите дозволиле изградба на дополнителниот кат.

Според Синг, десетици спасувачи трагаат по луѓето затрупани во урнатините на зградата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...