Се урна авион на Хаваи, загинаа сите патници и челенови на екипажот

528

Девет лица загинаа во авионска несреќа што се случи ноќеска на Хаваи, јави „Фокс Њуз“.

Мал двомоторен авион од типот „Кинг Ер“ се урнал во близина на аеродромот Дилингам на островот Оаху, по што се запалил и целосно изгорел.

Хавајското Министерство за транспорт објави дека загинале сите патници и членови на екипажот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...