Се судрија десничарите и полицијата во Лондон

104

Членови на десничарската организација „Алијанса на демократски фудбалски момчиња“(ДФЛА )се судриле со полицијата во лондон, кога учесници на контрапротест се обиделе да им ја блокираат планираната маршрута.

Маршот на десничарите почнал од паркот Лејн, но многу брзо настанал хаос, поради тоа што неколку членови на ДФЛА се обидела да ја пробијат полициската придружба.

Голем број на полицјци на коњи со опрема за сузбивање на немири се обиделе да ги контролираат двете групи.

На социјаните мрежи е објавено дека учесниците на контрапротестот успеале да го блокираат маршот на ДФЛА кај трговскиот центар „Пал“.

Контрапротестот го организирале членови на „Станете против расизмот“ и „Обединети против фашизмот“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...