Најмалку 30 лица се повредени во судир на патнички воз и камион на железнички премин во градот Јокохама, јужно од Токио, јавија локалните медиуми.
Несреќата се случила претпладне откако камионот наводно влегол на преминот на линијата меѓу станиците Канагава-Шимачи и Накакидо, јави Кјодо њуз.
Возот излетал од шините, а камионот се запали, соопшти локалната полиција.
Возачот на камионот е во критична состојба, еден патник е сериозно повреден, а 30 други се здобиле со полесни повреди, стои во извештајот.