Во масовна тепачка во саботата на свадба во еден ресторан во Подгорица, Црна Гора, ѝ била скршена вилицата на невестата, кумот завршил зад решетки, а пијаните гости потоа се тепале и со полицијата.
Полицијата интервенирала откако гостите во видливо алкохолизирана состојба почнале физички да се пресметуваат меѓу себе.
При апсењето тие пружиле отпор.
Приведени биле осум лица, меѓу кои и кумот.
– Сите се опираа на апсењето откако дојде полицијата. Приведени се осил лица и набрзо е воспоставен ред и мир – изјави извор од полицијата за црногорските весници.
Мотивот за тепачката се уште не е познат.
ФОТО: Јутјуб