Се сруши тобоган, осум деца повредени

232

Осум деца беа повредени во јужниот дел на Англија, кога се урна тобоган за време на прославата на „Ноќ на огнометот”.

Инцидентот се случи во Вокинг, на 40 километри југозападно од Лондон, каде што илјадници луѓе се собраа да го гледаат огнометот.

Очевидци на настанот велат дека околу 40 деца играле на тобоганот, кој бил висок околу девет метри.

„Гардијан “ пишува дека огнометот бил откажан и биле евакуирани 12.000 луѓе за да се направи место за слетување на хеликоптер на брзата помош.

Повредените деца биле пренесени во болница со „потенцијално тешки повреди“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...