Се спремал да ја бакне невестата, кога на венчавката се појавила бившата во идентична венчаница ВИДЕО

На снимката која кружи на социјалните мрежи се слуша девојка како вреска дека тоа било нејзина грешка, а потоа го молела поранешниот партнер да ѝ се врати.

1967

Двајца мла­ди од Кина, по не­кол­ку­ме­сеч­на врска, ре­ши­ле сво­ја­та љу­бов да ја крунисаат со брак. Свад­ба­та би­ла во полн ек, а во мо­мен­тот ко­га ид­ни­те соп­руж­ни­ци тре­ба­ло да ги прог­ла­сат за сопруг и сопруга, на венчваката се по­ја­ви­ла по­ра­неш­на­та де­вој­ка на мла­до­же­не­цот, и тоа об­ле­че­на во иден­тич­на вен­ча­ни­ца ка­ко не­вес­тата.

Но, тоа не би­ло сè. На снимката која кружи на социјалните мрежи се слуша девојка како вреска дека тоа било нејзина грешка, а потоа го молела поранешниот партнер да ѝ се врати додека шокираната невеста не можела да поверува што се случува пред нејзините очи, пишува „Дејли мејл“.

Непо­ка­не­та­та гос­тин­ка ко­ја сè уш­те би­ла вљу­бе­на во сво­е­то поранеш­но момче, поч­на­ла да го мо­ли да ѝ се вра­ти и да се вен­ча со неа, па во обид да си ја по­сти­гне целта, пред си­те гос­ти му клек­на­ла на ко­ле­на на мла­до­же­не­цот и поч­на­ла да го моли. Овој не­во­о­би­ча­ен нас­тан бил сни­мен од при­сут­ни­те гости, а ед­на од нап­ра­ве­ни­те снимки, со ко­ја бил ове­ко­ве­чен овој мо­мент, се вр­ти низ со­ци­јал­ни­те мре­жи и до­се­га има ми­ли­он­ски прег­леди. Не­вес­та­та це­ла­та во шок го гле­да­ла вак­во­то из­ја­ву­ва­ње љу­бов од стра­на на по­ра­неш­на­та де­вој­ка на неј­зи­ни­от са­кан. По не­кол­ку се­кун­ди дво­у­мење, се­пак не­вес­та­та ре­ши­ла да си за­ми­не од соп­стве­на­та свад­ба и да го на­пуш­ти мла­до­же­не­цот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...