Се спојуваат „УниКредит“ и „Сосиете Женерал“?

Според „Financial Times“, и двете страни се во почетна фаза на преговорите, а една од главните причини за одложувањето на процесот е политичката ситуација во Италија.

684

Италијанската банка „UniCredit“ и францускиот конкурент „Société Générale“ планираат да се спојат, објави „Financial Times“.

Анонимни извори за весникот велат дека извршниот директор на италијанскиот банкарски гигант, Жан-Пјер Мустие месеци лобира за зделката, но до сега нема преземено формални чекори и нема упатено официјална понуда до раководството на „Société Générale“.

Според весникот, и двете страни се во почетна фаза на преговорите, а една од главните причини за одложувањето на процесот е политичката ситуација во Италија.

Од банките не ја коментираат информацијата.

Доколку оваа зделка се случи ќе се создаде на еден од најголемите финансиски конгломерати во Европа.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...