Продукциската куќа Си-би-ес работи на јубилејно продолжение на серијата „Истрага на местото на злосторството“ (CSI), по повод 20-годишнината од објавувањето на првата епизода 2000 година.
Првичните податоци говорат дека тоа ќе биде „ограничено издание“ што ќе биде издадено во октомври годинава, според порталот „Реп“. Тоа значи дека станува збор или за ТВ-филм или за неколку епизоди.
Првата епизода од „Истрага на местото на злосторството“ беше прикажана во октомври 2000 година, а серијата заврши 2015 година. Приказната имаше и три спин-оф серии: „ИМЗ: Њујорк“, „ИМЗ: Мајами“ и „ИМЗ: Сајбер“.