Режисерот Армандо Јанучи се подготвува за својот следен проект – филм заснован на романот „Дејвид Коперфилд“ од Чарлс Дикенс. Покрај Дев Пател, кој ќе го глуми главниот лик, во актерската екипа влегуваат и Тилда Свинтон, Хју Лори и Розалинд Елизар.
Се работи за модернизирана верзија на приказната од 1850 година, и се раскажува за човек кој си го бара своето место во светот на хаосот.
Сценариото Јанучи го напиша заедно со Сајмон Блеквел.