Се случи првиот директен лет од САД до Хрватска по отцепувањето од Југославија

774

Авион „Боинг 767-300″ на американската и најголема светска авиокомпанија „Американ ерлајнс” со 197 патници слета ова утро на аеродромот во Дубровник, што е прв редовен директен лет од САД од осамостојувањето на Хрватска во 1991 година.

Таа директна редовна линија ќе ги поврзува Филаделфија и Дубровник трипати неделно – од јуни до септември, а во текот на септември и четири пати неделно.

Генералниот директор на аеродромот во Дубровник, Франо Луетиќ, нагласи дека тој аеродром работи од 1961 година, а чартер-летовите од САД почнале да пристигнуваат во 1970-те – ЈАТ го поврза Дубровник со Њујорк и со Чикаго, а во април 1983 година слета и првиот авион на компанијата Пан Ам.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...