„Се сеќаваш ли на Доли Бел“ во Неделата на босанскохерцеговски филм во Кинотека

221

Со проекција на „Ничија земја“ од Данис Тановиќ, Кинотека на Македонија во петок ја почнува Неделата на босанскохерцеговски филм.

Освен филмот на Тановиќ, прикажани ќе бидат и првенецот на Емир Кустурица „Се сеќаваш ли на Доли Бел“ кој доби „Златен лав“ во Венеција за дебитантски филм, како и филмовите кои ги одбележаа шеесеттите, седумдесеттите и осумдесеттите години не само во босанскохерцеговската, туку и целата југословенска кинематографија.

Како што ифнромираат од Кинотека, „Битката на Неретва“ на Вељко Булаиќ кој бил номиниран за Оскар, „Жена со пејзаж“ на Ивица Матиќ и „Глув барут“ на Бахрудин Бато Ченгиќ се заслужено дел од овој избор. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...