Се самоуби американската креаторка Кејт Спејд

552

Американската креаторка Кејт Спејд (55) денес извршила самоубиство.

Нејзиното тело го пронашла куќната помошничка во утринските часови. Како што пренесуваат светските медиуми, таа оставила и проштално писмо, но полицијата не ја објавува неговата содржина.

Спејд е родена на 24 декември 1962 година во САД. Таа беше позната по дизајнираните чанти, накит и женска гардероба.

Спејд креираше линија на чанти во средината на 90-тите години од минатиот век, со што направи бум на модната сцена. Нејзината компанија има повеќе од 150 продавници во САД и уште 175 ширум светот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...