Се разведува ли најпознатата Британска двојка?

1360

На Твитер веќе неколку дена се шират гласини за наводниот равод на брачната двојка Бекам , по што мораа да реагираат .

– Не постои ниту изјава за медиуми, ниту развод. Ова се само лажни вести на социјалните мрежи . Сето ова е многу чудно и претставува големо губење време. Нема да има изјава, нема да има развод . Станува збор за расипан телефон и за лажни вести. – изјавија претставниците за печат на брачната двојка Бекам , која следниот месец ќе ја прослави 19 – годишнината од бракот.

Изјавата за медиуми е објавена само на неколку часа откако кладилниците престанаа да примаат опклади за развод. Кладилниците почнале да работат на тема Бекам, откако илјадници твитерџии објавиле дека се очекува разводот.

Викторија и Дејвид Бекам имаат четири деца, а нивното богатство е проценето на 560 милиони фунти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...