Се разведува Борис Џонсон

Според британските медиуми, причината за разводот е ново во серијата неверства на Борис, кој досега неколку пати се разделуваше од сопругата за подоцна да се помират.

760

Поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон се разведува од сопругата Марина Вилер со која беше во брак 25 години.

Двајцата во заедничкото соопштение наведуваат дека веќе извесен период живеат раздвоени и дека неодамна бил покренат процес за развод. Според британските медиуми, причината за разводот е ново во серијата неверства на Борис, кој досега неколку пати се разделуваше од сопругата за подоцна да се помират.

„По 25 години брак, пред неколку месеци одлучивме дека е најдобро да се разидеме. Се договориме да се разведеме и овој процес е во тек. Како пријатели ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите четири деца“, стои во соопштението на Џонсон и Вилер.

Тие потенцираат дека во иднина нема да ги коментираат информациите за овој случај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...