По периодот полн со предизвик и откажување на годишната ревија, брендот „Викторијас сикрет“ се продава за 1,1 милијарда долари, пишуваат странските медиуми. Организацијата L Brands е блиску до договорот за продажба.
Во Колорадо се пронајдени стотици парчиња долна облека во канта за отпадок во близина на неодамна отворената продавница на „Викторијас сикрет“.
Уште не е познато дали е ова крај за ангелите на „Викторијас сикрет“ и годишните спектакуларни ревии, кои беа најважен моден настан на годината.
Последната ревија на овој бренд беше откажана поради наводно поразителната гледаност на ревијата.