Сестрата на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, Пипа Мидлтон, и нејзиниот сопруг Џејмс Метјуз станаа родители.
Како што пренесуваат британските медиуми, Пипа се породила вчера. Нејзиниот портпарол за магазинот „Пипл“ потврдил дека родила момче тешко 3.600 грaма и додал дека сите се многу возбудени и дека мајката и бебето се добро.
Триесет и петгодишната Пипа во јуни објави дека е бремена во колумна во магазинот Waitrose кога пишуваше за тоа како вежба додека е бремена. Иако не го откри датумот кога треба да се породи, многумина претпоставуваа дека бебето ќе се роди во октомври.
Пипа и Џејмс се венчаа минатата година по двегодишна врска.
Фото: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA