Се подготвува поевтин роаминг и со ЕУ

79

Советот за регионална соработка, оперативно тело на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа денеска го поздрави намалувањето на цените во роаминг во регионот на Западен Балкан.

Со драстично намалените цени граѓаните на Западен Балкан ќе може да зборуваат, сурфаат и испраќаат СМС многу повеќе, а ќе плаќаат многу помалку. Во просек цените на телефонските повици се намалени за 65 проценти, а цените за пренос на податоци за 78 отсто, што се секако значителни  намалувања кои во некои од случаите достигнуваат и 99 отсто. Граѓаните на Западен Балкан ќе може да зборуваат, сурфаат и испраќаат СМС многу повеќе, а ќе плаќаат многу помалку, соопшти Советот за регионална соработка.

На пример, како што наведуваат, цената на појдовните повици во некои од случаите е намалена на 0,08 евроценти, а цената на пренос на податоци на 0,04 евроценти, во зависност од операторот.

Од Советот за регионална соработка истакнуваат дека е во подготовка и новиот договор со Европската унија, со кој се овозможува намалување на цените во роаминг со Западен Балкан. Драстичното намалување на цените води кон намалување на роамингот со ЕУ и негово целосно укинување во регионот во 2021 година.

Советот за регионална соработка се заблагодарува на владите од Западен Балкан и Европската комисија кои овозможија да заживее  промената на цените.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...