Се очекуваат повисоки откупни цени и откуп на целото грозје

379

Во ек на бербата на дел од сортите на винското грозје, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска го одржа редовниот состанок со винарските визби и лозарите, на кој што беше презентирана моменталната состојба со бербата на дел од винските сорти и откупните цени, соопшти министерството.

– На состанокот лозарите побараа годинава грозјето да се откупува по повисока цена. Претставниците на винарските визби посочија дека оваа година немаат залихи, и се очекуваат повисоки откупните цени за грозјето поради зголемената глобална побарувачка, и откупи целиот род – се вели во соопштението.

Инаку, оваа година се очекува вкупното производство на грозје да биде околу 250 илјади тони.

Откупеното грозје од реколтата 2017-та од страна на винарските визби е целосно исплатено, односно по овој основ винарските визби исплатија 755 милиони денари. Просечната откупна цена на винското грозје во 2017 година е 13,67 денари за килограм, што претставува зголемување од 11,5 отсто во споредба со 2016 година кога била 12,27 денари за килограм. Ова е највисоката просечна откупна цена во последните шест години. Според проценките на МЗШВ и на винарските визби оваа година се очекува да биде поволна од аспект на извозот и вредност на извозот, ако се има во предвид дека заклучно со април годинава вкупниот извоз на вино од Македонија бележи пораст од 8 отсто по количина и 11 отсто по вредност, додека просечната цена по единица мерка бележи пораст од 3 отсто, споредено со истиот временски преиод во 2016 година.

МЗШВ интензивно работи на развој на оваа извозно оринетирана гранка. Во годинешната Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 20 отсто се повисоки субвенциите за одржување на лозови насади за они кои имаат од 1 до 10 хектари, односно за лозарите со развоен потенцијал, или наместо 44.000 ќе добијат 48.000 денари по хектар. Исто така се воведе нова дополнителна субвенција од 12.000 денари по хектар за реконструкција на лозови насади, за промена на сортимент, што е важно за следење на светските трендови и за зголемување на конкурентноста.
Субвенциите за лозарството од Програмата за финансиска поддршка за 2017 година со која за 10 отсто беше зголемена основната субвенција, се во целост исплатени навреме пред почетокот на новата производствена сезона. Односно за одржување на лозови насади се исплатени над 745 милиони денари и за дополнителните субвенции од 2 денари за предадено грозје односно над 134 милиони денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...