Се отвора галеријата „Рудиќ“ со фото-изложба

430

Со изложба на Боро Рудиќ на која ќе бидат поставени 24 фотографии од неговите последни два циклуса „Appearing – Disappearing“ и „EXIT“ денеска во Скопје ќе биде отворена галеријата „Рудиќ“.

Како што наведува Рудиќ, Галеријата како изложбено место за фотографија и визуелни медиуми има цел да организира и презентира изложби/проекти на реномирани автори и да промовира нови таленти низ нивното патување во запознавање на визуелна култура.

Галеријата, додава тој, ќе биде и место каде љубителите на уметноста можат да ги купат нивните дела, како и место на дружење и разговори за фотографија.

Боро Рудиќ е еден од најпознатите македонски фотографи, автор е на 20-тина самостојни и учесник на повеќе од 250 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на повеќе од 60 награди. Тој е носител на највисокото фотографско звање, Мајстор на фотографија на Фото сојузот на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...