Ќерката на рускиот милијардер Ирина Чигиринскаја (18) се омажи за пет години постариот син на поранешниот управител на руската покраина Архангелск, Морис Мирелиј (23). Нејзината венчаница чинела „само“ 188.000 евра, а ја дизајнирал Зухер Мурад. Младенците храната за гостите ја платиле нешто помалку од 400.000 евра.
– Гостите јадеа карпачо од лосос, сите видови риби, узбекистански пилав, шиш-ќебапи, ирански кајсии, свежо зрнесто овошје и колачи. Само што ќе се испразнеше шишето изладено француско шампањско, ново се појавуваше на масата – опишал еден од 1.500 гости.
Венчавката се одвивала на голф терен на пријателот на Доналд Трамп, а не се знае дали Ирина го поканила и холивудскиот актер Роберт де Ниро (74) да помогне околу свадбата, бидејќи во една прилика го заменила со келнер и му наредила да и донесе чаша вода.
Инаку, невестата, која од детство навикнала на привилегиран стил на животот, изненадила и шокирала многумина кога своевремено се пофалила дека „првпат патувала со јавен превоз“.
ФОТО: Инстаграм