Се омажи најсексапилната хрватска пејачка ФОТО

„Во добро и зло од денеска до засекогаш. Официјалнот твоја Татаринова“, пишувало на еден постер кој Маја го објавила.

3383

Хрватската пејачка Маја Шупут (39) во саботата го изговори судбоносното „да“ на партнерот Ненад Татаринов (36), а двојката одлучила да се венча на луксузен истарски имот.

Пред да се венчаат, пејачката се пофалила со постер кој му го подарила на својот сопруг Ненад.

„Во добро и зло од денеска до засекогаш. Официјално твоја Татаринова“, пишувало на еден постер кој Маја го објавила.

Маја е една од најсексапилните пејачки во Хрватска, позната по своите сексапилни настапи и интересни стајлинзи.

Маја преку социјалните мрежи ги објавила првите фотографии од венчавката, како и како изгледала во белата венчаница. Нејзиниот партнер се одлучил за бел костум, а на главата имал шешир.

Маја и Ненад ја започнале врската во 2017 година, а по една година се свршиле на Малдиви.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...