Ванеса Паради, француската глумица и пејачка, која беше 14 години во врска со Џони Деп со кого има две деца, се омажи за режисерот Семјуел Беншетри.
Минатата недела медиумите објавуваа дека таа ја пропуштила премиерата на својот нов филм поради сериозна болест на синот, кој бил во болница.
Паради направила приватна церемонија во саботата, во Париз со која не привлекла никакво медиумско внимание. На церемонијата присуствувала и нејзината ќерка, Лили Роуз Деп.