Се ожени актерот „Планината“ Клеган од „Игра на тронови“

500

Хафтор Јулис Бјорнсон, т.е. „Планината“ од хит серијата „Игра на тронови“ се ожени за својата девојка Келси Хенсон.

– Со огромна радост сега можам Келси Морган Хенсон да ја наречам моја сопруга. Ќе ја држам оваа прекрасна жена и во добро и во зло, до крајот на нашите животи! – напиша актерот под слика објавена на Инстаграм.

Она што според многумина е највпечатливо, е тоа што тој, со своите 180 килограми, е буквално три иполпати поголем од неа.

Хафтор (29) се прослави со улогата на сер Грегор „Планината“ Клеган во светски популарната телевизиска „Игра на тронови“.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...