Се одлага состанокот во Париз меѓу Србија и Косово

74

Состанокот во Париз, на кој требаше да присуствуваат највисоките претставници на Србија и на Косово, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, е одложен, јави Дојче Веле повикувајќи се на германската владина прес-служба.

„Точно е дека состанокот закажан за 1. јули ќе биде одложен”, се вели во одговор на прес-службата на германската влада.

„Германија и Франција остануваат во близок контакт со Косово и со Србија”, се вели во одговорот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...