Се намалува невработеноста на младите

257

Само врз база на мерките од Оперативниот план, вработени се 3.934 граѓани во Северна Македонија и тоа само во пилот фазата во три града. Оваа година имплементацијата на Гаранцијата за млади ќе се реализира на целата територија на земјата со посебен акцент на североисточниот полошкиот и југозападниот регион во кои се спроведуваше пилот фазата. Само во овие три региони се очекува 3.000 млади лица да бидат опфатени со мерката Гаранција за млади. Планираниот опфат на учесници во гаранција за млади на целата територија е околу 9.500 млади лиц, рече премиерот Зоран Заев на настан за Гаранцијата за млади.

– Младинската невработеност односно нејзиното намалување е приоритет на Владата на Северна Македонија. Минатата година севкупниот процент на невработени го спуштивме под психолошката бројка од 20 % и сега изнесува 19,7 отсто што ни дава импулс во 2019 година за речиси три пати да го зголемиме буџетот за поддршка на Оперативниот план за вработување. За ова добивме дополнителна мотивација и од намалувањето на процентот на невработени меѓу младите. За разлика од на пример 2015 година кога процентот на невработени млади изнесуваше 47,3% со тренд на негативен пораст во 2016 година и изнесуваше 48,2% во 2018 година од негативен тренд, бројот на млади невработени го свртевме во позитива и тој лани е намален и изнесува 45,8% – истакна премиерот Заев.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска изјави дека со Гаранцијата за млади Владата покажува дека се грижи секое младо лице да си го најде местото во општеството и да остане во државата бидејќи само така можеме да изградиме силна економија.

– Северна Македонија е единствена земја во регионот која што не е ЕУ членка а која што ја има воведено гаранцијата за млади. Тоа е мерка која што ги поврзува младите луѓе со државните институции во посредување при вработување за да на крајот стигнат до вработување во реалниот сектор – рече Царовска.

Елена Мицеска сега вработена како професорка во една скопска гимназија го пренесе своето искуство од користењето на Гаранција за млади. Мицеска прво учествувала обука за Банкарство, а потоа и била ангажирана како практикант во банка. Дритан Даути дипломиран правник од Гостивар којшто учествувал во програмата за практиканство, сега е вработен во нотарската канцеларија кадешто ја поминал праксата.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...