Се мери носивоста на коловозот на патната делница Битола-Меџитлија

Постапката се состои од застанување на секои 100 метри на патот и мерење на носивоста на коловозот со спуштање на товар. Се молат возачите на трпеливост и крајна внимателност при возење на горенаведената патна делница, соопшти Авто-мото сојузот.

148

Јавното претпријатие за државни патишта денеска во период од 12 до 16 часот ќе врши мерење на носивоста на коловозот на патниот правец А3, делница Битола -Меџитлија, поради што се апелира за трпеливост и внимателност од страна на возачите.

„Постапката се состои од застанување на секои 100 метри на патот и мерење на носивоста на коловозот со спуштање на товар. Се молат возачите на трпеливост и крајна внимателност при возење на горенаведената патна делница“, соопшти Авто-мото сојузот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...