Се караат кој да седи до прозорец во авион, во иднина нема такви расправии (ВИДЕО)

1585
Фото: Принтскрин

Откако било измислено авионското патување, луѓето се расправаат кој да седи до прозорецот. Тоа е повеќе во минатото, бидејќи Центарот за иновациски процес, британска технолошка фирма, ја креира иднината на авионското патување.

Авионите во иднината ќе биле без прозорци. Наместо тоа, секој во авионот ќе има можност да гледа како од прозорец насекаде околу него. За 10 до 15 години, овие авиони би требало да бидат реалност.

Целиот авион ќе биде покриен со ОЛЕД тачскринови. Тие ќе бидат поврзани со камери поставени насекаде од надворешноста на авионите. Ова ќе им овозможи на патниците реалистична глетка на тоа што има околу нив надвор.

Не се грижете, ако ви здосади од зјапање во небото, може да си променете во нешто што повеќе е по ваш вкус.

ОЛЕД тач – моментално го има во телевизорите, таблетите, мобилните, мониторите од компјутери.

Со ова, патниците никогаш повеќе нема да се потресуваат околу тоа дали ќе го добијат посакуваното седиште.

Се разбира, се што е ново има и одбивност кај поединци. Па, веќе почнало да се зборува дека прејаката светлина од екраните може да предизвика неудобност кај патници.

Извор: abcstories

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...