Домот на починатот британски поп-пејач Џорџ Мајкл во Лондон се издава под наем, а цената изнесува 15.000 британски фунти неделно.
Според обожавателите на поп-ѕвездата, многу е веројатно во имотот кој пејачот го остави во наследство на сестрите, да се внесе сосема нова знаменитост и тоа да прерасне во врвна луксузна туристичка атракција.
Меѓу клиентите на агенцијата којашто го изнајмува имотот, се и Ријана и Анџелина Џоли.