Се зголеми бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во секторот „рударство и вадење камен“ во март 2018 година, во однос на март 2017 година, бележи пораст од 0,9 отсто, во секторот „преработувачка индустриа“ пораст од 8,9 отсто.

90

Бројот на работници во индустријата во март годинава бележи пораст за осум проценти во однос на март лани, додека во првите три месеци растот е 6,7 отсто во однос на првиот квартал лани, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот „рударство и вадење камен“ во март 2018 година, во однос на март 2017 година, бележи пораст од 0,9 отсто, во секторот „преработувачка индустрија“ пораст од 8,9 отсто, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ oпaѓање од 0,1 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2018 година, во однос на март 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 16 отсто, Капитални производи за 23,9 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за еден отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 0,6 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...